Продолжуваат израелските воздушни напади врз подрачјето на Дахија во јужниот дел на Бејрут, главниот град на Либан.
Како резултат на нападите, дојде до силна експлозија, а во подрачјето можеа да се забележат чад и пламени јазици.
Експлозијата се случи откако портпаролот на израелската Армија се закани со напади врз некои точки во јужен Бејрут, тврдејќи дека му припаѓаат на Хезболах.
Хезболах и Израел се во прекуграничен судир од почетокот на израелската војна во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 41.800 луѓе, главно жени и деца.
Според податоците на либанските власти, во Либан загинати се над 2.000 луѓе, повеќе од 9.500 се ранети, а 1,2 милиони се раселени.
Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади врз Либан би можеле да ескалираат во поширока регионална војна.