Нападот се случил на околу 177 километри југоисточно од Аденскиот Залив / Photo: AA

Проектил истрелан од Јемен погоди брод во сопственост на САД веднаш до брегот на Јемен во Аденскиот Залив, помалку од еден ден откако јеменските бунтовници Хути истрелаа противбродска крстосувачка ракета кон американски разурнувач во Црвеното Море, соопштија официјални лица.

Според разузнавачката компанија Амбри, бродот Гибралтар Игл што бил погоден од проектилот во близина на Јемен е американски носач на растурен товар под знамето на Маршалските Острови.

Проектилот предизвика пожар во бродот, но бродот сè уште може да плови, се вели во соопштението. Амбри додаде дека нема извештаи за жртви и дека бродот не е поврзан со Израел

Сомнежот веднаш падна кај Хутите поддржани од Иран, иако бунтовниците веднаш не признаа дека го извршиле нападот врз Гибралтар Игл.

Хутите го таргетираа тој клучен коридор што ги поврзува азиските и блискоисточните енергетски и товарни пратки до Суецкиот канал кон Европа поради војната, напади кои се закануваат да го прошират тој конфликт во регионален пожар.

Морнарицата на САД и на Велика Британија ноќта од четврток кон петок изведоа голема акција против Хутите, при што беа ракетирани 30 цели на бунтовничката група во Јемен.

TRT Balkan / агенции
Популарни