Хакан Фидан, шефот на Турската разузнавачка агенција (МИТ), именуван е на позицијата министер за надворешни работи во новиот кабинет кој го соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. ТРТ Балкан ви ги пренесува клучните факти за него.
Фидан, кој ја презеде должноста од Мевлут Чавушоглу како највисок дипломат на земјата, роден е во анкарската населба Хамамону во 1968 година.
Воена служба
Завршил Воено училиште за врски и јазици, а значаен дел од академските студии завршил во текот на службата во Вооружените сили на Туркије (ТСК).
Во текот на својата мисија во НАТО во странство Фидан дипломираше политика и наука за менаџмент на Универзитетот Мериленд, а потоа магистрираше и докторираше на Одделот за меѓународни односи на Универзитетот Билкент.
Академски живот
По службата во ТСК, Фидан се фокусираше на академскиот живот и предаваше на курсевите за меѓународни односи на универзитетите Хаџетепе и Билкент во Анкара.
Фидан беше на критични позиции во надворешната политика и безбедност во државните институции. Беше заменик потсекретар за надворешна политика и безбедност во Владата и Турската агенција за соработка и координација.
Шеф на разузнавачката агенција
Беше член на одборот на гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија, специјален претставник на премиерот, заменик потсекретар на МИТ, шеф на МИТ и специјален претставник на претседателот. Фидан беше на чело на МИТ 13 години, од 27 мај 2010 година, а претседателот Ердоган еднаш го нарече 55-годишниот Фидан за свој „чувар на тајни“.
Оженет е и има три деца.