Пропалестински собир пред седиштето на Би-Би-Си во Лондон / Photo: AA

Група демонстранти се собраа во саботата пред седиштето на Би-Би-Си во Лондон, од каде повикаа на прекин на огнот во Појасот Газа, кој веќе четири недели е под немилосрдно бомбардирање на израелските сили.

Собраните повикаа на прекин на огнот и „запирање на геноцидот“ врз палестинскиот народ во Газа. Некои истакнаа слогани во кои ги обвинуваат западните медиуми за пристрасност во известување за инвазијата врз Газа.

„Западните медиуми никогаш од нас не побараа да ја „осудиме“ накба (катастрофата)“, напишано е на еден од транспарентите.

И во изминатите четири недели, низ Обединетото Кралство имаше големи протести за поддршка на народот на Палестина, но и поради британските претставници кои го поддржаа Израел.

TRT Balkan / агенции
Популарни