Брод „Разони“ запловил од Одеса под знамето на Сиера Леоне. Крајната дестинација на бродот е Либан.       Фото: АА

Првиот брод што ја напушти Украина по историскиот договор за извоз на жито, во понеделникот тргна од пристаништето Одеса за Либан, објави турското Министерство за национална одбрана.

„Бродот се очекува да пристигне во Истанбул на 2 август“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека бродот ќе продолжи по патот по инспекциите во турската метропола.

Натоварен со пченка, товарнио брод „Разони“ плови под знамето на Сиера Леоне и е на пат кон својата крајна дестинација до пристаништето Триполи, во северен Либан.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа - Одеса, Черноморск и Јужни - за транспорт на житоото што е заглавено со месеци поради тековната руско-украинска војна, која сега влегува во шестиот месец.

За да се надгледува украинскиот извоз на жито, во средата официјално беше отворен заедничкиот координативен центар во Истанбул, составен од претставници од Туркије, ОН, Русија и Украина за да се овозможи безбеден транспорт, со трговски бродови, на комерцијални прехранбени производи и ѓубрива од трите клучни украински пристаништа на Црното Море.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „топло“ го поздрави заминувањето на Разони.

„Бродот е наменет за пристаништето Триполи, Либан, превезува товар од 26.527 тони пченка и е првиот брод што отпатува во рамките на Црноморската иницијатива за жито, потпишана во Истанбул, на 22 јули. Обезбедувањето на движењето на житата и другите прехранбени продукти до глобалните пазари е хуманитарен императив“, се вели во изјавата на ОН на портпаролот на Гутереш.

Се додава дека ова е колективно достигнување на Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул.

Според изјавата, Гутереш, исто така, ја поздравил Туркије за нејзиното лидерство, додавајќи: „Генералниот секретар се надева дека ова ќе биде првиот од многуте комерцијални бродови што ќе се движат во согласност со потпишаната иницијатива и дека тоа ќе ја донесе многу потребната стабилност и олеснување. за глобалната безбедност на храната, особено во најкревките хуманитарни контексти“.

AA
Популарни