Првата дама го придружуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговата историска посета на Каиро. / Photo: AA

Првата дама на Туркије Емине Ердоган и првата дама на Египет Ентисар Ел Сиси денеска ја посетија египетската Црвена полумесечина во Каиро за да извршат увид во напорите за помош на организацијата за Газа.

„Добив информации за активностите на Црвената полумесечина и нејзините напори за помош за Газа. Од 7 октомври, ги цениме напорите на египетските институции и здруженијата на граѓанското општество да достават хуманитарна помош до нашите палестински браќа“, објави Ердоган на X.

Турската прва дама рече дека досега, во координација со египетската Црвена полумесечина, преку авиони и бродови до Газа биле доставени преку 7.000 тони помош од Туркије.

“Во Туркије многу граѓански организации соработуваат со египетските невладини организации и египетската Црвена полумесечина преку агенцијата за катастрофи АФАД и Турската Црвена полумесечина за да пружат помош”, рече Ердоган.

Туркије ќе продолжи со напорите да обезбеди непрекината помош за разорената од војна Газа, рече таа, додавајќи:

„Ја упатувам мојата благодарност до сите што придонесоа за помошта за блокираната енклава”.

Ердоган ја посети и Фондацијата Хаја Карима, која беше првата организација која беше присутна со голем тим волонтери на граничниот премин Рафах.

Таа им честиташе на волонтерите и претставниците на фондацијата кои работат во координација за доставување помош, велејќи:

„Ми беше чест да ја посетам фондацијата Хајат Карима, која го поддржува развојот на руралните и сиромашните заедници под покровителство на Ентисар Амер“.

Првата дама го придружуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговата историска посета на Каиро.

Минатиот јули, Туркије и Египет ги подигнаа своите дипломатски врски и назначија амбасадори. Врските меѓу двете земји беа на ниво на службеници од 2013 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни