Путин: Се „одржува“ темпото во развојот на турско-руските односи

Путин: Се „одржува“ темпото во развојот на турско-руските односи

Рускиот претседател денеска е домаќин на турскиот колега Ердоган во приморскиот град Сочи
Путин рече дека трговскиот промет меѓу Туркије и Русија се зголемил за 86 отсто минатата година, а трендот продолжил и во 2023 година / Photo: AA

Рускиот претседателот Владимир Путин во понеделникот рече дека темпото во развојот на односите меѓу Русија и Туркије „се одржува“. „Се одржува темпото на развој на односите меѓу Русија и Туркије, стекнато со вашето директно учество, му рече Путин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кога го започнаа состанокот во приморскиот град Сочи.

Путин рече дека ова сугерира дека тие ги доведоа билатералните односи на „многу добро, високо ниво“, што влијае на сите области на интеракција меѓу двете земји. Тој понатаму рече дека трговскиот промет меѓу Туркије и Русија се зголемил за 86 отсто минатата година, а трендот продолжил и во 2023 година. Тој додаде дека се надева дека „наскоро“ ќе ги заврши преговорите за создавање на гасен центар во Туркије. „Постигнавме напредок и се надевам дека наскоро ќе ги завршиме преговорите за создавање гасен центар во Туркијеза да ја направиме енергетската ситуација во регионот постабилна и избалансирана, рече Путин. Путин рече дека тие се движат „многу самоуверено“ во областа на енергетиката и дека се постигнати договори меѓу добавувачите и потрошувачите во двете земји. Рускиот лидер рече дека Туркије станала членка на „меѓународниот клуб на нуклеарни држави“ по испораката на нуклеарно гориво во нуклеарната централа Акују. „Следната година, ако се оди според планот, ќе го пуштиме во употреба првиот агрегат. Има интересни можни опции за продолжување на нашата соработка овде“, додаде тој. Путин рече дека со турскиот колега ќе разговара и за Украина, за Црноморската иницијатива за жито, за Сирија и за Либија.

Популарни