Туркије е традиционален и важен пријател и сосед на Бугарија, изјави во вторникот бугарскиот претседател, Румен Радев.
„За Бугарија, Туркије е и наш сојузник во НАТО и наш стратешки партнер во различни полиња од заемен интерес“, рече Радев по врачувањето на државниот медал „Мадарски коњаник“ од прв степен на Ајлин Секизкок, турската амбасадорка во заминување во Софија.
Радев рече дека билатералната соработка во областите како што се безбедноста, енергијата, транспортните врски, границите и заштитата на животната средина бара потрага по нови конструктивни решенија.
„Очекуваме обемот на трговијата меѓу нашите две земји да ја достигне стратешката цел од 10 милијарди евра во блиска иднина. Туркије стана еден од стратешките инвеститори за Бугарија“, рече Радев.
Секизкок го доби медалототкако го заврши својот мандат во главниот град Софија.
Според Радев, медалот на Секизкок ѝ е доделен за извонреден придонес во консолидацијата и развојот на билатералните односи и нејзиниот продуктивен мандат.