Раиси зборуваше за воздушниот напад врз зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, во кој загинаа седум лица / Photo: Reuters

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси предупреди дека „нападот на Израел“ врз зградата на конзулатот на неговата земја во Дамаск, Сирија нема да остане без одговор.

Раиси зборуваше во врска со воздушниот напад врз зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, во кој загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и бригадниот генерал Мохамед Реза Захиди.

Иранскиот претседател го окарактеризира израелскиот напад како злосторство на тероризам и сериозно кршење на меѓународното право.

„Бидејќи не ја уништи волјата за отпор, ционистичкиот режим повторно слепо врши убиства за да се спаси. Мора да се знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство нема да остане без одговор“, рече Раиси.

Тој изјави дека администрацијата на Тел Авив не може да ги постигне своите цели со такви акции.

Сведоци сме дека фронтот на отпорот од ден на ден се засилува и гадењето и омразата на слободните народи кон нивната нелегитимна природа“, додаде Раиси.

Иранската револуционерна гарда синоќа соопшти дека седум лица, меѓу кои двајца генерали, се убиени во „израелски напад“ врз нејзината дипломатска мисија во Дамаск.

Израел, кој во последниве месеци постојано извршува воздушни напади врз ирански цели во Сирија, официјално не ја презеде одговорноста за нападот.


AA
Популарни