Палестинците во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа имаа ифтар, на урнатините од нивните домови / Photo: AA

Многу муслимани во Газа го имаа својот ифтар на првиот ден од светиот месец Рамазан далеку од своите домови во тешки воени услови, јавува Anadolu.

Палестинците во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа имаа ифтар, на урнатините од нивните домови.

Жителите во тој дел од Појасот Газа поставија маси и столови покрај урнатините за да организираат заеднички ифтар и покрај големиот недостиг на храна и вода во регионот.

Во оброкот најмногу уживаа најмалите кои трчаа околу масите.

Махер Салед, еден од организаторите на ифтар, рече дека подготвиле оброци за стотина семејства чии домови биле уништени во израелските напади, додавајќи дека целта е барем донекаде да им се разубават рамазанските денови.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

Од 7 октомври минатата година, најмалку 31.112 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни