Израелската служба за итни случаи Маген Дејвид Адом соопшти дека двајца од ранетите војници се во критична состојба / Photo: AA

Најмалку седум израелски војници се ранети утринава во вооружен напад на воен контролен пункт на север од окупираниот Западен Брег.

Израелскиот портал „Инет“ јавува дека нападот се случил на контролен пункт на израелската армија во близина на палестинското село Тајасир во областа Тубас.

Израелската служба за итни случаи Маген Дејвид Адом соопшти дека двајца од ранетите војници се во критична состојба.

Според медиумите, израелските воени трупи стационирани на контролниот пункт и други сили испратени на местото на настанот размениле оган со напаѓачот, кој во таа прилика бил убиен.

Не се соопштуваат дополнителни информации за инцидентот.

TRT Balkan / агенции
Популарни