Разговори во Џеда  за Украина: Согласност за продолжување на консултациите

Разговори во Џеда  за Украина: Согласност за продолжување на консултациите

Покрај од домаќинот Саудиска Арабија, на состанокот учествуваа и претставници од Украина и Туркије
Разговори во Џеда за Украина: Согласност за продолжување на консултациите / Photo: AA

Разговорите во саудискиот град Џеда за украинскиот конфликт завршија вчера, при што учесниците се согласија за важноста од продолжување на консултациите за да се отвори патот за мир.

Саудиската новинска агенција (SPA) ја објави завршната изјава од дводневниот состанок, со кој претседаваше советникот за национална безбедност на Саудиска Арабија, Мусаед Ал-Аибан, а на кој присуствуваа претставници од повеќе од 40 земји.

Истакнато е дека за време на средбата, чија цел беше да се разговара за можните решенија за руско-украинската криза, страните се согласиле за неопходноста од продолжување на меѓународните консултации за изнаоѓање на заедничка основа за подготовка на патот кон мирот.

Покрај домаќинот Саудиска Арабија, учествуваа и претставници од Украина и Туркије.

На разговорите присуствуваа и претставници од САД, Германија, Аргентина, Австралија, Бахреин, Обединети Арапски Емирати, Бразил, Бугарија, Кина, Чешка, Данска, Индонезија, Естонија, Финска, Франција, Јужна Африка, Индија, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Шведска, Италија, Јапонија, Канада, Катар, Јужна Кореја, Кувајт, Комори, Латвија, Литванија, Египет, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Јордан и Чиле.

TRT Balkan / агенции
Популарни