Ослободени се 13 израелски заложници, јавуваат израелските медиуми, а ослободени се и 12 тајландски заложници. Договорот вклучува ослободување на десетици заложници држени од Хамас и Палестинци затворени од Израел.
Според информациите на катарското МНР заложниците се предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст, а преку граничкиот премин Рафах се упатени кон Карем Шалом каде ќе бидат преземени од израелските безбедносни сили.
Исто така од Катар пристигнаа и информации дека од израелска страна се ослободени 39 заробеници меѓу кои жени и деца.
Со ова формално започна да се спроведува договореното четиридневно примирје помеѓу израелската армија и палестинските власти во Газа.
Бруталната израелска војна влегува во 49 ден со напади врз Газа при што загинаа повеќе од 14.000 Палестинци, а се проценува дека 7.000 луѓе кои се водат за исчезнати се наоѓаат под урнатините.
Со договорот за примирје следуваат и зголемени испораки на гориво и залихи во Газа - иако според хуманитарните организации се проценува дека ќе имаат мало влијание за да се задоволат потребите на 2,3 милиони Палестинци во опколената енклава.