Во 2015 година ОН објавија дека безбедната вода за пиење е човеково право / Photo: AA

Речиси 4,4 милијарди луѓе низ светот немаат пристап до безбедна вода за пиење, покажува најновото објавено истражување.

Студијата, објавена во списанието „Сајанс“ („Science“), ја спроведоа научници, меѓу кои и Естер Гринвуд од Швајцарскиот федерален институт за вода и технологија.

Резултатите од истражувањето покажаа дека повеќе од половина од светското население нема пристап до чиста и безбедна вода.

Речиси половина од погодените луѓе живеат во Јужна Азија и во субсахарска Африка, открија истражувачите.

„Постои итна потреба оваа ситуација да се смени“, рече Гринвуд.

Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во 2020 година проценија дека 2,2 милијарди луѓе немаат пристап до безбедна вода за пиење.

Во 2015 година Обединетите нации објавија дека безбедната вода за пиење е човеково право.

AA
Популарни