Приходите од туризмот на Туркије во 2024 година скокнаа за 8,3 отсто на годишно ниво, или вкупно 58.8 милијарди евра, достигнувајќи нов историски максимум.
Туркије прими 62,2 милиони посетители во 2024 година, што е за 9% повеќе на годишно ниво, објави Турскиот статистички институт.
Просечните расходи по глава на жител од посетителите во 2024 година изнесуваат вкупно 932 долари и 93 долари за едно ноќевање.
Во 2024 година, посетителите ја посетиле Туркије најмногу за „патување, забава, спортски и културни активности“ со 64,9%.
AA