FILE PHOTO: A protestor caries a "Trump 2020" flag as Arizona electors gather to cast their votes for the U.S. presidential election in Phoenix / Photo: Reuters

Во сојузната американска држава Аризона е поведена постапка против 11 членови на Републиканската партија и седум адвокати од тимот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Обвинението е покренато за наводни обиди за изборна измама на претседателските избори во 2020 година. Доналд Трамп според конечните резултати беше соопштено дека загубил од демократскиот противкандидат Џо Бајден, но долго време се чекаше на целосно и финално пребројување на гласовите.

Меѓу обвинетите од правниот тим се и Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и еден од главните соработници и адвокати на Трамп, Марк Медоуз поранешен шеф на кабинет на претседателот, Борис Епштин главен советник на изборната кампања како и соработникот Мајк Роман.

Тие се обвинети за наводно помагање на неуспешен план за доделување на електорските гласови на Трамп наместо на Бајден по изборите во 2020 година.

Дополнително, со обвиненија се соочуваат и републиканците кои ги потпишале документите на 14 декември 2020 година, лажно тврдејќи дека Трамп е вистинскиот победник.

Ова ги вклучува Кели Вард екс шефица на партијата во Аризона, сојузните сенатори Џејк Хофман и Ентони Керн и Тајлер Бауер, член на националниот комитет на Републиканската партија и главен оперативен директор на Turning Point Action кој ја помагаша кампањата на Трамп.

Иако самиот Трамп не беше обвинет, обвинението го наведува како конспиратор за кого не е поведена постапка.

TRT Balkan / агенции
Популарни