Во рамки на изборите за Конгресот што се одржаа во исто време со претседателските избори во САД, републиканците добија мнозинство во Сенатот, освојувајќи 51 место досега.
Републиканците постигнаа голем успех во Сенатот на изборите за Конгресот одржани заедно со претседателските избори на 5 ноември во САД.
Републиканските кандидати Џим Џастис и Берни Морено, преземајќи ги местата на нивните демократски противници на изборите за Сенатот во сојузните држави Западна Вирџинија и Охајо, ѝ донесоа две нови места на својата партија.
Со овие резултати, републиканците досега освоија 51 место во Сенатот, додека демократите имаат 42 од 100 места.
На меѓу избори во 2022 година, демократите го освоија мнозинството во Сенатот.
Во Претставничкиот дом, крило на Конгресот, кој брои 435 места, републиканците досега освоија 179 места, наспроти демократите, кои имаат 148.
За да се обезбеди мнозинство, неопходно е да се дојде до бројката од 218 претставници во Претставничкиот дом.
Избори за Сенат
Значајно место имаат и изборите за Конгресот, кои се одржуваат истовремено со претседателските во САД, на кои се избираат 34 нови претставници во Сенатот кој брои 100 члена.
Иако изборите за Конгресот не одекнаа како претседателските, особено во американската јавност, тие сепак сѐ од големо значење во американската политика.
Кое крило на Конгресот од која партија е контролирано, значително ја одредува областа на работата на американскиот претседател.
Сенатот го сочинуваат 100 претставници, во кој избраните лица функцијата ја извршуваат 6 години. Секоја од 50-те сојузни држави има по 2 сенатори.