Политичкото движење на Доналд Трамп ќе има апсолутна власт во САД / Фото: AP Archive

Републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), со контрола на двата дома на Конгресот и Белата куќа.

Републиканците ќе имаат најмалку 218 мандати потребни за контрола на 435-члениот дом.

По изборите на 5 ноември републиканците обезбедија мнозинство од местата во Сенатот со сооднос 52:48.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 гласа, против неговата ривалка од демократите, актуелната потпретседателка Камала Харис.

Трамп, кој минатата недела освои втор мандат во Белата куќа, ќе положи заклетва на функцијата на 20 јануари 2025 година за четиригодишен мандат.

AA
Популарни