Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершињин, рече дека иницијативата за транспорт на жита по Црно Море се спроведува, но житото се праќа на погрешни дестинации.
Во интервју за РТ Арабик (RT Arabic), Вершињин информираше дека 41 отсто од житото се праќа во земјите на Европската Унија, а само 2,7 отсто во најсиромашните држави.
Што се однесува до рускиот дел од договорот, и понатаму постојат бариери на патот за извоз на земјоделски производи и ѓубрива, како во вид санкции, така и она што се нарекува „прекумерно исполнување на санкциските обврски“, каде банките, сопствениците на бродови и осигурителните компании се плашат да работат со руските претставници.
„Затоа јасно ги формулиравме нашите барања. Потребен ни е конкретен напредок во имплементацијата на Меморандумот Русија - Обединети нации“, рече Вершињин.
Во јуни минатата година Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за продолжување на извозот на жита од три украински црноморски пристаништа, кој беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.
Благодарение на напорите на Туркије, договорот за транспорт на жита е продолжен за уште 120 дена во ноември минатата година, за да биде продолжен во март оваа година за уште 60 дена.