Министерството за одбрана на Русија објави дека Израел го нападнал меѓународниот аеродром Најраб во северната сириска покраина Алепо.
Два израелски борбени авиони Ф-16 во понеделникот истрелаа крстосувачки ракети без да влезат во воздушниот простор на Сирија, кои го погодија аеродромот, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека во нападот биле ранети тројца вработени на аеродромот.
Русија го критикуваше Израел за нападите на сириска територија под изговор дека се бори против милициските групи поддржани од Иран, велејќи дека во нападите загинале цивили и е прекршено меѓународното право.
AA