Русија вчера соопшти дека започнала подготовки за воена вежба  / Photo: AA

Соединетите Американски Држави (САД) ја критикуваа „неодговорната реторика“ на Москва откако Русија најави вежби со нуклеарно оружје во близина на Украина.

„Ова е пример за видот на неодговорна реторика што ја видовме од Русија во минатото. Тоа е сосема несоодветно, со оглед на моменталната безбедносна ситуација“, изјави генерал-мајор Пет Рајдер прес-секретарот на Пентагон.

Неговите изјави уследија откако Русија вчера соопшти дека започнала подготовки за воена вежба која го вклучува нестратегиското нуклеарно оружје на земјата како одговор на „провокациите и заканите“ од Франција, Велика Британија и САД. Се наведува дека вежбите биле наложени од претседателот Владимир Путин.

„И, знаете, не видовме никаква промена во нивните стратешки сили. Очигледно, ќе продолжиме да следиме. Но, тоа е неодговорна реторика“, додаде Рајдер.

AA
Популарни