Синџирот за брза храна ја запре употребата на свеж исечен кромид и говедско месо за хамбургерите Квартер Паундерс во неколку држави / Photo: AA

Најмалку 49 случаи на појава на Ешерихија коли поврзани со Мекдоналдс Квартер Паундерс (вид хамбургер) се пријавени низ повеќе сојузни американски држави, а едно лице починало, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истакнувајќи дека 10 лица се хоспитализирани и дека здравствените власти го истражуваат проширувањето на бактеријата, синоќа ЦДЦ истакна дека случаи се пријавени во 10 сојузни држави.

Специфичната состојка во хамбургерите што ја предизвикува болеста не е идентификувана, соопшти ЦДЦ, додавајќи дека Мекдоналдс работи со истражителите за да идентификуваат која состојка е контаминирана.

Синџирот за брза храна, сепак, ја запре употребата на свеж исечен кромид и говедско месо за хамбургерите Квартер Паундерс во неколку држави.

Мекдоналдс во вчерашното соопштение истакна: „Првичните наоди од истрагата покажуваат дека подгрупата на болести може да се поврзани со исечениот кромид што се користи во Квартер Паундерот кои се набавени од еден добавувач кој опслужува три дистрибутивни центри.“

„Како резултат на тоа, и во согласност со нашите безбедносни протоколи, на сите локални ресторани им е наложено да го отстранат овој производ, и ја паузиравме дистрибуцијата на целиот исечен кромид во зафатеното подрачје“.

Симптомите на Ешерихија коли се стомачни грчеви и дијареа, како и повраќање.

AA
Популарни