САД се со став дека упадот во џамијата Ал Акса не е во насока на напорите за постигнување прекин на огнот / Photo: AA

Упадот во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим од страна на стотици радикални Израелци е неприфатлив, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

„Дозволете ми само да кажам јасно дека Соединетите Држави цврсто се залагаат за зачувување на историската статус кво во однос на светите места во Ерусалим. Секое еднострано дејство како оваа што ја загрозува статус кво ситуацијата е неприфатливо“, изјави заменик-портпаролот Ведант Пател.

Неговите забелешки дојдоа откако илегалните израелски доселеници, како и екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, неговиот колега министер од партијата Оцма Јехудит Јицак Васерлауф и членот на Кнесетот на партијата Ликуд Амит Халеви упаднаа во комплексот во чест на Тиша Б'Ав, еврејски Ден на постот кој означува појава на неколку катастрофи во еврејската историја.

„И не само што е неприфатливо, туку и го одзема она што мислиме дека е витално време додека работиме на постигнување на овој договор за прекин на огнот. Тоа ја нарушува нашата наведена цел за регионот, а тоа е решение со две држави, палестинска држава и израелска држава кои се рамо до рамо, кои живеат во достоинство и хармонија“, додаде Пател.

TRT Balkan / агенции
Популарни