„Ги повикавме двете страни итно да ги продолжат разговорите во четврток, 15 август, во Доха или Каиро, за да се затворат сите преостанати празнини и веднаш да се започне со имплементација на договорот“, се вели во заедничката изјава потпишана од американскиот претседател Џо Бајден, неговиот египетски колегата Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал-Тани.
Во соопштението се предупредуваат двете страни дека нема повеќе време ниту изговор за дополнително одложување.
„Време е да се ослободат заложниците, да се започне прекин на огнот и да се спроведе овој договор“, стои во соопштението. Исто така, во писмото се наведува дека се „спремни да го изнесат конечниот компромисен предлог со кој преостанатите прашања на имплементација би се решила на начин со кој би се исполниле очекувањата на сите страни.“
Како што објаснија, договорот се заснова на принципите што ги претстави американскиот претседател Бајден на 31 мај и потврдени со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, а само неколку детали треба да се доработат. Предлогот претставен во мај предвидува три фази. Во првата прекинот на огнот би траел шест недели, израелската војска би се повлекла од Појасот Газа, а израелските власти би ослободиле неколку стотици палестински заробеници. За возврат, Хамас би ги ослободил сите заложници заробени во текот на нападите на Израел на 7 октомври минатата година. Следните две фази предвидуваат траен прекин во борбите и обнова на Појасот Газа.
Израел во четвртокот вечерта објави дека се согласува да ги продолжи преговорите.
„Според предлогот на САД и посредниците, Израел на 15 август ќе испрати делегација на преговарачи на договорено место за да се договорат последните детали од договорот“, соопштено е од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.