По спасувањето на четворицата израелски заложници, Соединетите Американски Држави (САД) и Израел ја потврдија својата посветеност за деескалација на тензиите покрај границата меѓу Израел и Либан, соопшти американското Министерство за одбрана.
Во официјалното соопштение од Министерството објавени се детали од разговорот меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Џ. Остин и израелскиот министер за одбрана Јаов Галант.
Остин му честита на Галант „за спасувањето на четворицата израелски заложници, кои сега се вратени кај нивните семејства“, се вели во соопштението.
За време на телефонскиот разговор, Остин и Галант се осврнале и на тековните „тензии покрај границата меѓу Израел и Либан“, припишано на „засилената агресија на либанскиот Хезболах“, се додава во соопштението.
Остин, исто така, ја изрази својата благодарност за „поддршката на Израел за сеопфатниот договор за прекин на огнот и за заложниците“.
Двајцата претставници на одбраната „разговараа за напорите за деескалација на ситуацијата“ и се согласија дека „одговорноста е на Хамас да го прифати договорот“ за да обезбеди траен мир, соопшти Министерството.