За полскиот министер за одбрана заемот е доказ за силниот американско - полски сојуз / Photo: AA

Соединетите Американски Држави и позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје, потврди полскиот министер за одбрана.

„Имаме уште еден договор за заем со САД, кој помага за брза трансформација на вооружените сили на Полска во рамките на финансирањето на странските армии. Вкупно 11 милијарди долари ѝ понудија САД на Полска за вооружување, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Патриот и хеликоптери Апачи напиша полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х.

Камиш го опиша заемот како дополнителен доказ за голема доверба и силен полско-американски сојуз.

TRT Balkan / агенции
Популарни