Количината или видот на оружјето што треба да се достави до Израел не беше наведено / Photo: AA

САД планираат да испратат нови пратки оружје, вклучително и клучна муниција, во Израел во наредните денови, објави во четвртокот израелското Министерство за одбрана.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант разговараше во Тел Авив со координаторот на Белата куќа за Блискиот Исток Брет Мекгурк за преговорите за постигнување прекин на огнот во Газа и безбедносните мерки за спречување на шверцот на оружје во палестинската енклава, се вели во соопштението на Министерството.

Мекгурк му рекол на Галант дека „клучната“ муниција ќе биде испорачана на Израел, од која дел ќе бидат испратена во наредните денови, се вели во соопштението.

Количината или видот на оружјето што треба да се достави до Израел не беше наведено.

Од почетокот на војната во Газа, САД го снабдуваа Израел со големи количини оружје и муниција.

Во јуни Тел Авив и Вашингтон потпишаа договор за купување на 25 борбени авиони Ф-35 во вредност од три милијарди долари, се наведува во соопштението на израелското Министерство за одбрана.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш, 38.345 Палестинци се убиени во израелските напади врз палестинската енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафах.


AA
Популарни