Нема да толерираат напади врз американските сили / Фото: AA

САД објавија дека нападнале девет цели во Сирија поврзани со групите поддржани од Иран како одговор на нападите врз нивните сили.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) се наведува дека САД одговориле на нападите врз американскиот персонал во Сирија во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

ЦЕНТКОМ наведе дека во два региона во Сирија нападнале девет цели поврзани со групите поддржани од Иран, додавајќи дека со тоа е намалена можноста овие групи да извршат напад врз САД и нивните сојузници во иднина.

Генерал Мајкл Ерик Курила, командантот на ЦЕНТКОМ, изјави дека нема да толерираат напади врз американските сили и дека ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни чекори за заштита на американскиот персонал и партнери.

AA
Популарни