Информацијата за помошта за Украина ја објави државниот секретар на САД Ентони Блинкен / Photo: Reuters

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека САД одобриле уште 1,25 милијарди долари безбедносна помош за Украина.

„Како дел од зголемувањето на безбедносната помош за Украина што го најави претседателот Џо Бајден во септември, Соединетите Американски Држави денеска обезбедуваат 1,25 милијарди долари оружје и опрема за самоодбрана на Украина“, напиша Блинкен на неговиот профил на Х.

Тој додаде дека САД и повеќе од 50 нации стојат обединети со Украина.

За речиси три години колку што трае руската специјална воена операција во Украина, Вашингтон додели вкупна помош од 175 милијарди долари за Киев, но неизвесно е дали помошта ќе продолжи со тоа темпо и во времето на новиот американски претседател Доналд Трамп.

TRT Balkan / агенции
Популарни