На протестот во знак на поддршка на абортусот пред Врховниот суд на Соединетите Американски Држави (САД) приведени се 35 лица, од кои 17 се членови на Претставничкиот дом.
Во писменото соопштение што полицијата на американскиот Конгрес го објави на социјалната мрежа Твитер се наведува „Приведени се 35 лица, меѓу кои 17 лица се членови на Конгресот поради создавање метеж, блокирање на патот и предизвикување немири.“
Во соопштението во кое се посочува дека протестирачите сакале да блокираат една улица за сообраќај, што е во спротивност со сообраќајните закони, се истакнува дека по дадените три стандардни предупредувања, полицијата започнала да ги приведува лицата кои ги прекршувале правилата.
Меѓу приведените членови на Конгресот се Александрија Окасио Кортез, претставничка на Њујорк, Кетрин Кларк, заменик-претседател на Претставничкиот дом, Илхан Омар и Рашида Тлаиб, први жени муслиманки, членки на Претставничкиот дом.
Илхан Омар на својот профил на социјалните мрежи го сподели моментот на своето приведување, наведувајќи „Денеска бев приведена заедно со моите колеги од Конгресот додека учествувавме на цивилен протест. Ќе продолжам да правам сѐ што е во моја моќ наспроти нападите врз моите права за репродукција.“
Одлука на Врховниот суд за абортус
Врховниот суд на САД на 24 јуни ја поништи одлуката „Роу-Вејд“ донесена во 1973 година, со која абортусот беше загарантирано уставно право на ниво на целата земја.
Абортусот, кој со оваа одлука повеќе не е уставно право, и законите во однос на ова прашање се оставени на иницијативите на сојузните држави одделно.
Додека десниот фронт со задоволство ја пречека одлуката на Врховниот суд, левичарската страна предводена од претседателот на САД, Џо Бајден, одлуката ја прокоментира како „напад врз здравјето на жената“.
По одлуката на судот, пред Врховниот суд и во различни градови на САД повремено се организираат демонстрации во знак на протест.