САД забранија продажба на софтвер од руската компанија Касперски / Photo: AA

Американската администрација ќе ја забрани продажбата на софтвер развиен од рускиот „Касперски лаб“.

Американската секретарка за трговија, Џина Раимондо, во соопштение рече дека забраната следува по исклучително обемна истрага за компанијата.

Раимондо рече Русија покажала дека има капацитет и намера да ги користи руските компании како што е „Касперски“ за собирање лични податоци на Американците и потоа да ги користи како „оружје“.

Американските медиуми наведуваат дека Касперски нема да може да склучува нови договори во Соединетите Американски Држави (САД) по 20 јули, а на постоечките корисници ќе може да обезбедат антивирусен софтвер само до 29 септември.

Касперски Лаб е руски мултинационален провајдер за кибербезбедност и антивирусни програми со седиште во Москва, а со кој управува холдинг компанија во Велика Британија.

TRT Balkan / агенции
Популарни