Ердоган присуствува на 22-от состанок на Советот на шефови на држави на ШОС како специјален гостин     Фото: АА

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган се очекува денеска да се обрати на втората сесија на тековниот самит на Шaнгајската организација за соработка и да одржи билатерални средби со лидери како рускиот Владимир Путин.

Ердоган, го посети комплексот „Вечен град“ во Самарканд, Узбекистан, со шефовите на државите учеснички на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО).

Ердоган, кој на Самитот присуствува како специјален гостин на покана на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, дојде во комплексот „Вечен град“ по церемонијата на садење дрвја.

Ердоган заедно со останатите лидери го обиколи новоизградениот дел од градот познат како „Вечен град“.

Турскиот лидер во комплексот разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и со други лидери.

Во текот на вчерашниот ден, Ердоган на маргините на Самитот се сретна и со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Дводневниот Самит на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (SCO) се одржува во Самарканд, Узбекистан, од 15 до 16 септември.

Средба со претседателот на Кина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот кинески колега Си Џинпинг одржаа средба во Самарканд во Узбекистан.

Ердоган на средба со Си Џинпинг Others

Нивниот состанок зад затворени врати во петокот се одржа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО). Не беа објавени дополнителни информации за средбата.

Ердоган подоцна ќе присуствува на 22-от состанок на Советот на шефови на држави на ШОС како специјален гостин, при што Туркије ќе учествува на претседателско ниво за првпат откако Анкара го доби статусот партнер во дијалогот на ШСО во 2012 година.

Подоцна се очекува тој да се обрати на втората сесија на самитот и да оствари билатерални средби со лидери како што е рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува за време на разговорите меѓу Ердоган и Путин да се разговара за историскиот договор за извоз на жито, потпишан со посредство на Анкара во јули од ОН, Туркије, Русија и Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни