US President Donald Trump with Saudi Arabia's Crown Prince Mohammed bin Salman in Riyadh, Saudi Arabia on May 20, 2017 / Photo: Reuters Archive

Саудиска Арабија соопшти дека планира да ги прошири своите инвестиции и трговијата со Соединетите Американски Држави за 600 милијарди долари, а можно и повеќе, во следните четири години.

Ова е кажано за време на првиот телефонски разговор меѓу престолонаследникот на кралството Мухамед бин Селман и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, јави државната саудиска новинска агенција (СПА).

Се вели дека принцот му честитал на Трамп за инаугурацијата како претседател на САД, а станало збор и за билатералните односи и регионалните случувања.

Двајцата лидери разговарале и за начините за соработка меѓу двете земји, „за промовирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток, покрај унапредувањето на билатералната соработка за борба против тероризмот“.

Бин Селман, исто така, ја потврдил „намерата на кралството да ги прошири своите инвестиции и трговијата со Соединетите Американски Држави во текот на наредните четири години, во износ од 600 милијарди долари, а потенцијално и повеќе од тоа“, додаде СПА.

Сепак, не е елаборирано дополнително за природата на инвестициите со САД.

Во првиот мандат (2017-2021) Трамп првото патување во странство го реализира во Саудиска Арабија поради блиските билатерални односи. Претходно тој им изјави на новинарите дека ќе ја повтори посетата на кралството доколку тоа се согласи да купи американски производи во вредност до 500 милијарди долари.

AA
Популарни