СБОН ја усвои резолуцијата за прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) усвои нацрт-резолуција со која се бара поддршка за предлогот најавен од американскиот претседател Џо Бајден, кој се состои од три фази и предвидува итен прекин на огнот во Газа. Нацртот го предложи делегацијата на САД, а го поддржаа 14 членки, додека Русија беше воздржана.

Во усвоената одлука укажано е на дипломатските напори на Египет, САД и Катар, а поздравен е предлогот во три фази кој Бајден го претстави на 31 мај.

Исто така се наведува дека Израел ја прифатил понудата на Бајден, а Хамас е повикан исто така да го прифати предложениот план.

Во првата фаза на Бајденовиот предлог предвиден е моментален прекин на огнот, ослободување на жените, повозрасните и ранетите заробеници, размена на палестинските заробеници, повлекување на израелските сили од населените подрачја во Газа, зголемување на хуманитарната помош, реконструкција на основните услуги, враќање на палестинските цивили во нивните домови во целиот Појас, вклучувајќи го и северот на Газа. По договорот на страните, во втората фаза е предвидено ослободување на сите преостанати заробеници за да кризата еднаш засекогаш запре, а од Израел е побарано да се повлече од целата Газа. Во одлуката е наведено дека во трета фаза ќе биде покренат планот за реконструкција на Газа, кој би траел повеќе години и дека ќе бидат предадени и телата на загинатите заробеници.

Во одлуката е наведено дека, доколку преговорите за првата фаза продолжат подолго од шест недели, прекинот на огнот ќе биде продолжен до завршување на преговорите, а нагласена е и важноста страните да ги испочитуваат одребите на договорот. Поддржувајќи го решението за две држави, одлуката укажа и на важноста на обединување на Појасот Газа и Западниот брег под палестинските власти.

Во првиот нацрт на резолуцијата отворена за дебата, беше поддржано повлекувањето на израелските сили од населените области на Газа, а идејата за создавање „тампон зона“ во Газа наиде на противење. Така во последниот текст на нацртот кој е доставен на гласање избришан е дел во кој има противење за „тампон зоната“. Меѓу прашања кои предизвикаа реакции беше и фактот дека во текстот на резолуцијата не е ставен предлогот на Бајден во пишана форма.

TRT Balkan / агенции
Популарни