Седуммесечно бебе спасено 140 часа по земјотресот / Photo: AA

Седуммесечно бебе спасено е од под урнатините на зграда во турскиот град Хатај, дури 140 часа по разорните земјотреси кои на 6 февруари го погодија југот на Туркије.

Спасувачките екипи во трката со времето ја продолжуваат потрагата и спасувањето во регионоте погодени од земјотресите.

Припадници на противпожарната екипа од турскиог град Коџаели слушнаа глас под урнатините на зградата и ја интензивираа акцијата на спасување.

Неколку часа потоа од урнатините успеаа да го спасат бебето Хамза кое има само седум месеци. Бебето потоа со возило на Брза помош е превезено во болница.

Спасувачите со големо воодушевување го одбележаа спасувањето на малиот Хамза.

Бројот на загинатите во земјотресите на југот на Туркије е зголемен на 24.617, соопшти турскиот потпретседател Фуат Октај.

Од подрачјата погодени од земјотресот во другите делови на Туркије евакуирани се повеќе од 86. 000 лица.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари го погодија југот на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување на луѓе заглавени од под урнатините на зградите.

Повеќе од 3.300 луѓе загинаа во Сирија, додека повеќе од 5.000 луѓе се повредени по низата земјотреси кои ја погодија Туркије, а се почувствуваа и во соседните земји.

AA
Популарни