Сенаторите гласаа со 54 „за“ и 45 „против“ законот за контрамерки против нелегитимните судски дејствија, што е помалку од потребните 60 гласови / Photo: AA

Американскиот Сенат во вторникот го блокираше предлог-законот за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради неговите налози за апсење на израелски официјални лица поради војната во Газа,.

Сенаторите гласаа со 54 „за“ и 45 „против“ „законот за контрамерки против нелегитимните судски дејствија“, што е помалку од потребни 60 гласови.

Демократскиот сенатор Џон Фетерман гласаше „за“, а демократскиот сенатор Џон Ософ беше воздржан.

Претходно овој месец, нацрт-законот го усвои Претставничкиот дом со голема разлика, 243 - 140, што е сигнал за силна поддршка за Израел.

Пред Сенатот да почне да гласа дали да го санкционира МКС откако минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа, водачот на мнозинството Џон Тун ги повика демократите да помогне да се донесе законот.

Тун рече дека „нелегитимното таргетирање на клучниот американски сојузник треба да не загрижува сите“ и додаде дека МКС потоа би можел да ги таргетира Американците и американските војници.

Израел уби повеќе од 47.000 луѓе во Газа, главно жени и деца, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Немилосрдното бомбардирање го расели најголемиот дел од населението во Газа, доведе до недостиг на храна и други потреби и остави голем дел од енклавата во урнатини.

Прекинот на огнот е на сила од 19 јануари.


TRT Balkan / агенции
Популарни