Бајден рече дека веднаш ќе го потпише законот / Фото: Reuters

Американскиот Сенат вчера го одобри долгоочекуваниот пакет помош во вредност од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван.

Горниот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот со 79 наспрема 18 гласови, што значи дека доби поддршка и од двете партии и сега е испратен до кабинетот на претседателот Џо Бајден.

Бајден рече дека ќе го потпише законот веднаш штом ќе стигне до него.

„Потребата е итна: за Украина, соочена со немилосрдното бомбардирање од Русија; за Израел, кој штотуку се соочи со напади без преседан од Иран; за бегалците и оние погодени од конфликти и природни катастрофи низ целиот свет, вклучително и во Газа, Судан и Хаити; и за нашите партнери кои бараат безбедност и стабилност во Индо-Пацификот“, рече Бајден веднаш откако Сенатот го усвои законот.

Пакетот вклучува повеќе од 60,8 милијарди долари за Украина, 26,6 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за индо-пацифичките сојузници за да се спротивстават на Кина.

Оваа помош исто така ќе обезбеди речиси 9,1 милијарда долари за хуманитарните напори во Украина, Израел и Газа.

Овој закон опфаќа и нормативен притисок врз кинескиот сопственик на ТикТок да ја продаде апликацијата за социјални медиуми или во спротивност се соочува со ризик апликацијата ефективно да биде забранета во САД.

AA
Популарни