Резолуцијата беше отфрлена од 79 сенатори, а 13 беа „за“  / Фото: AA

Американските сенатори синоќа гласаа против резолуцијата претставена од републиканскиот сенатор Ренд Пол, со која се сакаше да се блокира продажбата на борбените авиони Ф-16 и друга одбранбена опрема на Туркије, јавува Анадолу,.

Резолуцијата беше отфрлена од 79 сенатори, а 13 беа „за“.

Американскиот Стејт департмент на 26 јануари одобри продажба на Ф-16 и комплети за модернизација за Туркије во износ од 23 милијарди долари откако Анкара даде зелено светло за членството на Шведска во НАТО.

Туркије во октомври 2021 година побара од Соединетите Американски Држави 40 нови авиони Ф-16 Блок 70, како и 79 комплети за модернизација за надградба на своите преостанати Ф-16 на ниво Блок 70.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека земјата е фокусирана на воените авиони Ф-16, а не на Ф-35.

„Разговаравме со американските сенатори за чекорите што ќе ги преземеме во врска со Ф-16“, рече тој, говорејќи за неодамнешната посета на сенаторите Жан Шахин и Крис Марфи на Туркије.

Тој, исто така, рече дека турската Влада, вклучително и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ги продолжува разговорите со американските колеги за борбените авиони.

AA
Популарни