Шефот на СЗО вели дека болницата Ал-Шифа во Газа повеќе не е функционална / Photo: AA

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, повикувајќи се на зголемениот број на смртни случаи на пациенти во болницата Ал-Шифа во Појасот Газа, во неделата изјави дека установата повеќе не работи како медицински објект.

„За жал, болницата повеќе не функционира како болница. Светот не смее да молчи додека болниците, кои треба да бидат безбедни засолништа, се трансформираат во сцени на смрт, пустош и очај“, напиша Тедрос на X.

Истакнувајќи ја „страшната и опасна“ состојба во болницата, тој рече дека во изминатите три дена на објектот е лишен од електрична енергија, чиста вода и има слаба интернет конекција, што сериозно ја отежнува неговата способност да пружи суштинска нега.

„Трагично, бројот на смртни случаи на пациенти значително се зголеми“, рече тој, повторувајќи го својот повик за прекин на огнот во палестинската енклава.

Израел извршува немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа -- вклучително и врз болници, резиденции и храмови - откако палестинската група Хамас започна прекуграничен напад на 7 октомври.

Оттогаш, бројот на загинати надмина 11.100, вклучувајќи повеќе од 8.000 деца и жени, соопшти во неделата владината канцеларија за медиуми во Газа.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни