Шентоп: 11 држави бараат Ердоган да биде номиниран за Нобелова за мир / Photo: AA

Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп изјави дека доколку наградата за мир биде доделена во 2022 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тоа го заслужува.

Шентоп беше гостин на уредничкиот деск на Анадолу (АА) во Анкара, каде одговараше на прашањата на новинарите и уредниците за актуелни случувања.


„Од 11 држави барано е претседателот на Туркије Ердоган да биде номиниран за Нобеловата награда за мир за 2022 година. Доколку наградата за мир ќе биде доделена за 2022 година, ја заслужува Реџеп Таип Ердоган“, рече Шентоп.

Тој ги коментираше безбедносните предупредувања на некои земји во врска со Туркије.

„Јасно гледаме дека се оди кон исцрпување и дискредитација на Туркије“, рече Шентоп и додаде: „Европа сериозно се приклонува кон непријателството кон Турците, исламот и муслиманите, гледаме и дека државите прават основа за таквите пристапи.“

Шентоп говореше и за работата на ТБММ по преминувањето на Туркије на претседателскиот систем, истакнувајќи дека парламентот во овој период работеле многу повеќе и попродуктивно.

AA
Популарни