Епицентарот на земјотресот утрово е регистриран во Пазарџик во Кахраманмараш, а потоа следуваа 50 потресувања / Photo: AA

По двата разорни земјотреси кои денес го погодија југот на Туркије, ширум земјата почна собирање на помош за жителите на регионите погодени од земјотресот, како и масовни акции на дарување крв за настраданите.

Во градовите ширум Туркије хуманитарни организации и граѓанските здруженија започнаа кампањи за собирање помош за жителите на Кахраманмараш и околните градови, кои беа најтешко погодени од земјотресите.

Во Ерзурум, Кутахја, Агри, Киршехир, Ван, како и бројни други градови приметени се долги редици пред центрите на Црвена полумесечина за доброволно дарување крв.

Во разорниот земјотрес кој утрово го погоди југот на Туркије според досегашните информации загинаа 2.379 лица, а повредени се 14.483 лица. Управата за вонредни ситуации на Туркије (АФАД) ја ревидираше јачината на земјотресот од 7,4, на 7,7 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресот утрово е регистриран во Пазарџик во Кахраманмараш, а потоа следуваа 50 потресувања на тлото од кои најсилното изнесуваше 6,6 степени по Рихтер. Областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османије, Хатај и Килис исто така се тешко погодени од земјотресот. Разорен земјотрес ја погоди и Сирија, каде загинаа најмалку 1.356 лица.

AA
Популарни