Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е неприфатлив и ја повтори својата поддршка за решение засновано на две држави Израел и Палестина.
„Секакви планови за преселување, идејата дека граѓаните на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или Јордан, се неприфатливи“, рече Шолц.
Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, каде Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг, но дека палестинската управа мора да преземе одговорност за Газа.
„Не смее да се потроши кревката надеж за мир што сега е возможен“, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот.
Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади од нив се во Египет, а владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп.
Германија е меѓу главните добавувачи на оружје за Израел, а извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, годината кога започна војната во Газа.