„Проблемот“ заврши предвреме во текот на третата сезона по недоразбирањата меѓу Џон Стјуарт и Епл

Влијателниот американски комичар и политички коментатор Џон Стјуарт откри дека неговото шоу „Проблемот“ (The Problem), додека се емитуваше на стриминг платформата на Епл постоеле обиди да се цензорира кој ќе биде викнат како гостин на интервју.

Тврдењата, Стјуарт ги изнесе при неговото враќање на „Дневното шоу“ (The Daily Show) откривајќи дека имало притисоци да не прави интервју со Лина Кан директорката на Федералната комисија за трговија (FTC).

„Тие буквално рекоа: „Те молиме, не зборувај со неа“ – без оглед што не беше доведена темата за нејзината работа“, посочи тој.

Една од можните причини што Кан била непожелна во емисијата е нејзината активност поврзана со антимонополски мерки насочени кон гиганти како Амазон, Мета, Мајкрософт и Епл.

„Проблемот“ заврши предвреме во текот на третата сезона по недоразбирањата меѓу Џон Стјуарт и Епл, иако стигна до солидни бројки од 1.4 милиони следбеници на Јутбјуб и над 200 милиони прегледи.

Од Епл засега не ги коментираат наводите на Џон Стјуарт изнесени во неговото старо-ново шоу кое се емитува на кабелска телевизија.

TRT Balkan / агенции
Популарни