Шпанија одлучи да се приклучи на случајот за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи.
„Оваа одлука ја донесовме во светло на продолжувањето на воената операција во Газа. Ние, исто така, со огромна загриженост го набљудуваме регионалното проширување на конфликтот“, рече министерот Хозе Мануел Албарес на брифинг со новинарите.
Според Албарес Шпанија ја донела оваа одлука не само за да дозволи да се врати мирот во Газа и на Блискиот Исток, туку и поради нејзината посветеност на меѓународното право, додаде тој.
„Ние бараме да го поддржиме судот во примената на мерките на претпазливост, особено во финализирањето на воените операции во Рафа за да се врати мирот, во пречките за влез на хуманитарна помош што мора да престане и во уништувањето на цивилната инфраструктура што мора да престане“, рече министерот.
Со оваа интервенција во случајот пред МСП, рече Албарес, единствената цел на Шпанија е да стави крај на војната и конечно да започне да оди напред во спроведувањето на решението за две држави, што е единствената гаранција за постигнување мир и безбедност за Палестинците, Израелците и целиот регион.
Нападите од последните денови покажаа дека мерките на претпазливост целосно се игнорираат и се многу далеку од исполнување, објасни министерот.
Сепак, тој не коментираше дали Шпанија смета дека војната во Газа е геноцид и рече дека највисокиот суд на ОН треба да го реши ова прашање.
Албареш ја објави оваа одлука во целосна напнатост поради заканите на Израел дека ќе го затвори шпанскиот конзулат во Ерусалим и откако Мадрид официјално ја призна Палестина како држава.
Во понеделникот министерот рече дека конзулатот на неговата земја во Ерусалим има многу посебен и историски статус и дека постоел долго пред да се создаде израелска држава, повикувајќи го Израел да ги почитува нејзините операции.
Неговата објава, исто така, дојде откако најмалку 39 раселени Палестинци беа убиени во израелски воздушен напад врз училиште во кое беа сместени илјадници раселени лица во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа од седми октомври минатата година по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Оттогаш, речиси 36.600 Палестинци се убиени во Газа, огромно мнозинство се жени и деца, а над 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.
Речиси осум месеци по израелската војна, огромни делови од Газа беа во урнатини со блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред МСП, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафах, каде над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.