Иако на партиите претходно им било забрането формирање на изборните сојузи, тие неформално соработувале пред донесување на новиот закон.

Никогаш досега толку голем број политички партии не се собрал за да формира сојуз пред избори.

Шестчлената опозициска алијанса, вклучувајќи ја Републиканската народна партија (ЏХП) и ИЈИ партија, формираа Национална алијанса за да и се спротивстават на Народната алијанса предводена од актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, а која ја вклучува Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата на големото единство (ББП).Ердоган е на власт од 2002 година.

Што значи предизборен сојуз?

Во демократските држави не е невообичаено помалите политички партии да формираат блокови за да им се спротивстават на посилните противници, а Туркије не е исклучок.

Таквите сојузи обично функционираат на два начини: политичките партии ќе се натпреваруваат на гласачките ливчиња и подоцна ќе формираат коалиции во парламентот, или ќе ги поддржуваат меѓусебните кандидати за да освојат максимален број изборни единици.

Турскиот закон до 2018 година не им дозволуваше на политичките партии да формираат изборни сојузи за да поддржат меѓусебни кандидати кои се натпреваруваат за 600 места во парламентот. Меѓутоа, ова се смени со донесување на амнандманот познат како 7393 на Законот за избор на пратеници и други закони во 2021 година. Сега, сепак, политичките партии можат да влезат во изборна борба во облик на сојуз, иако на партиите претходно им беше забрането формирање на изборни сојузи, тие неформално соработуваа пред донесување на новиот закон.

На пример, две партии кои се спремни да работат заедно не би номинирале заеднички кандидат, туку би ги навеле своите гласачи да поддржат кандидат кој од двете страни е со поголеми шанси за победа на изборите. Овој вид сојузи, подоцна меѓусебно би ги поделил пратеничките места.

Во 1991 година Партијата на благосостојба (РП) беше водечка партија, а Ердоган тогаш беше еден од нејзините членови. РП формираше неформален сојуз со Националистичката партија (МЦП), партија претходнк на сегашната Партија за национално движење (МХП), заедно со Реформистичката демократска партија (ИДП), помала националистичка конзвервативна партија.

Иако ниту една од нив не успеала сама да го помине прагот од 1о отсто нивниот сојуз им помогна на трите партии да добијат 17 отсто од гласовите со 62 места под називот Партии на благосостојбата.

Оваа тактика се сметаше за значајно достигнување на турските конзервативни партии во 1990-тите години. Со минатогодишниот амандман, сега можат отворено да истапат со заеднички кандидат. Исто така, со една од одредбите на амандманите сменет е минималниот праг на гласови кој на политичката партија ѝ е потребен за влез во државниот парламент.

На минатите избори на политичката партија и беа потребни најмалку 10 отсто од гласовите за да ги има членовите на парламентот. Сега тој праг е намален на 7 отсто, што ќе им помогне на помалите политички партии да влезат во парламентот без потреба за поддршка на сојузите.

Минималниот изборен праг е воведен во 1980 година за да спречи многу мали политички партии да влезат во парламентот бидејќи тоа го попречуваше процесот на донесување закони поради постојани недоразбирања.

Партијата предводена од Ердоган, АК Партија освои повеќе од 52 осто од гласовите на последните избори во јуни 2018 година со поддршка на гласачката база на Народната алијанса. Сојузот на опозицијата од шест партии го избра Кемал Киличдароглу, лидерот на ЏХП, како заеднички кандидат за претседателската функција. Киличдароглу е лидер на ЏХП од 2010 година.

TRT World
Популарни