Туркије за прв пат на самит на ШОС учествува на претседателско ниво     Фото: TRT World

Зајакнување на добрососедските и пријателските односи и меѓусебната доверба е една од клучните цели на Шангајската организација за соработка (ШОС) која функционира веќе 21 година.

На 15 јуни 2001 година, лидерите на Казакстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Русија и Кина во Шангај ги поставија темелите на Организацијата. Денес Шангајската организација за дијалог ја сочинуваат осум земји: Кина, Индија, Казакстан, Киргистан, Пакистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Освен Туркије останатите пет партнери за дијалог со Шангајската организација се Азербејџан, Камбоџа, Непал, Шри Ланка и Ерменија.

Во меѓувреме Иран е прифатен како полноправна членка, додека Авганистан, Белорусија и Монголија ќе се приклучат како набљудувачи.

Фокус и опсег на ШОС

Првично формирана со фокус на регионалната безбедност, граничните конфликти и борбата против тероризмот, активностите на Шангајската организација за соработка се проширија и во економијата, трговијата, транспортот и владеењето на правото. Сепак безбедноста и економската соработка остануваат врвни приоритети.

Таа еволуираше од претходна регионална безбедносна групација формирана во 1996 година по распадот на Советскиот сојуз, во период кога централноазиските држави стекнаа независност од Москва.

Во 2007 година Договорот за долгорочно добрососедство, пријателство и соработка ратификуван во Бишкек ја зацврсти правната основа на организацијата..

Тие заземаат над 60 проценти од копното на Евроазија. Населението во овие држави изнесува 3,2 милијарди жители. Заедничкиот бруто домашен производ изнесува една четвртина на светско ниво.

Кина и Русија се доминантни членки на ШОС. Додека Русија ја смета Централна Азија за своја сфера на влијание, кинеското економско влијание преку нејзините проекти во инфраструктурата во регионот придонесува таа да ја има водечката улога.

Дводневен самит во Самарканд

Самитот на шефовите на Советот на држави на Шангајската организација за соработка на 15 и 16 септември во Самарканд, Узбекистан се одржува во време на воен конфликт меѓу Русија и Украина и се поголеми тензии меѓу Ерменија и Азербејџан. Домаќин е претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијев.

Собирот во Самарканд ќе биде можност за остварување на економскиот потенцијал. Во пресрет на состанокот на лидерите на 23 август беше склучена министерската конклава за одбрана меѓу членките на Шангајската организација за соработка, а пред повеќе од еден месец, на 29 јули се состана Советот на министрите за надворешни работи.

Самарканд е под заштита на УНЕСКО и се наоѓа на рутата на патот на свилата. Таму се наоѓаат над илјада локалитети кои ја рефлектираат длабоко вкоренетата историја која датира од 8 век.

Состаноци на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган

На овогодинешниот самит Туркије за прв пат откако доби статус партнер на Шангајската организација на сорботка во 2012 година ќе учествува на претседателско ниво. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе учествува на самитот во Самарканд. Тој ќе има состаноци со претседателите на Русија и Кина Владимир Путини и Си Џипинг.

TRT Balkan / агенции
Популарни