Шведска го одобри Законот за антитероризам / Photo: AA

Шведската влада синоќа гласаше за уставен амандман со цел да го смени антитерористичкиот закон. Шведскиот Риксаг ги усвои законските измени со 270 гласови ЗА, а ПРОТИВ беа 37. Новиот закон остава повеќе простор да се ограничи слободата на здружување за групите вмешани во тероризмот, што е клучното барање Туркије да го одобри членството на Шведска во НАТО.

Промените ќе овозможат предложување и одлучување за законите кои ги забрануваат терористичките организации или вклучуваат учество во кривични активности на терористичките групи. Левите и Зелените во Шведска се противеа на измените на законот.

Амандманот отвора пат кон полесна кривична постапка против припадниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ или други терористички групи.

Исто така ќе овозможи шведската разузнавачка агенција да може да ги истражи оние кои ќе објават информации кои наштетуваат на односите на Шведска со друга држава или меѓународни организации, што на крајот може да доведе до четири години затвор.

Измената ќе стапи на сила на 1 јануари 2023 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни