Шведската премиерка Магдалена Андерсон     Фото: Ројтерс

Шведската премиерка Магдалена Андерсон, критикувајќи ги пратениците на Левата партија во нејзината земја кои се фотографираа со обележја што ја симболизираат терористичката организација ПКК, рече дека е „крајно непримерно“ да се позира со нив.

Во изјавата за официјалната новинска агенција на нејзината земја, ТТ, Андерсон ги критикуваше пратениците на шведската Левица затоа што се фотографирале со обележја што ги симболизираат ПКК, ЈПГ и ЈПЖ.

Наведувајќи дека ПКК е терористичка организација, Андерсон, алудирајќи на обележјата на терористичката организација, рече: „ПКК е на списокот на терористички организации не само во Шведска, туку и во ЕУ. Крајно е несоодветно да се позира со тоа знаме.“

Шведскиот министер за правда и внатрешни работи, Морган Јохансон, во изјавата што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна дека ПКК има убиено многу невини лица и додаде: „ПКК беше призната како терористичка организација од Владата на Олоф Палме во 1984 година.“

Јохансон, фотографиите на пратениците на Левата партија ги опиша како „неприфатливи“.

AA
Популарни