Скандалозно: Шарли Ебдо се радува на жртвите од земјотресот во Туркије/ Photo: Twitter

Францускиот неделник Шарли Ебдо објави скандалозна карикатура по разорниот земјотрес што ја погоди Туркије. Списанието се радува на земјотресот во кој загинаа илјадници луѓе, а десетици илјади се здобија со повреди.

„Земјотрес во Туркије - нема потреба да се испраќаат тенкови“, пишува во недоличната карикатура на парискиот неделник.

Француското списание на тој начин го наруши човечкото достоинство, не покажувајќи воопшто почит кон животот и кон човечкото битие. Газејќи врз илјадници жртви во името на „слободата на изразување“, списанието докажува дека омразата кон Туркије и исламот ги задушила сочувството, солидарноста и хуманоста кај нив и кај нивните истомисленици во Европа.

Скандалозно: Шарли Ебдо се радува на жртвите од земјотресот во Туркије Twitter

Историја на исламофобија

Шарли Ебдо има долга историја на исламофобија и употреба на говор на омраза против Туркије и муслиманите ширум светот. Скандалозното списание неколку пати објавуваше нечовечки карикатури во кои се навредуваат божјиот пратеник Мухамед, претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и други.

Овој пат Шарли Ебдо ги надмина границите, не почитувајќи ја ни прогласената жалост во Туркије. Својата омраза ја покажаа со отворено посакување смрт на муслиманите и на Турците.

Земјотресот на 6 февруари што ги погоди Туркије и Сирија предизвика вкупно над 5.000 жртви во двете земји досега. Десетици илјади други беа повредени, додека многу луѓе ги загубија своите имоти и останаа без покрив над главата.

TRT Balkan
Популарни