Скопје: Програма по повод Денот на младите и Денот на сеќавањето на Ататурк / Photo: AA

Во Скопје е организирана програма по повод одбележувањето на 19 мај - Ден на младите и спортот на Туркије и Ден на сеќавање на Ататурк.

На свечената програма организирана од страна на Сојузот на македонските турски невладини организации (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), учество зедоа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претставници на турски институции и организации во земјава, претставници на невладини организации и голем број гости.

Амбасадорот Улусој во својот говор пренесувајќи им ги поздравите на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган на гостите, побара божја милост за Гази Мустафа Кемал Ататурк, за неговите соборци и за сите загинати херои.

Осврнувајќи се на важноста на 19 мај, Улусој рече дека зачувувањето на историјата и свеста за идентитетот е можно со одржување на јазикот во живот.

Скопје: Програма по повод Денот на младите и Денот на сеќавањето на Ататурк AA

Посочувајќи дека турското образование е уставно право во Северна Македонија, но можно е да се сретнат некои неправилности во неговото спроведување, амбасадорот Улусој рече:

„Посакуваме проблемите како што се неотворање на турски паралелки и покрај доволната побарувачка, особено во руралните подрачја, недобивање одговор на поднесените барања и неназначување на турски наставници по одредени предмети, во најкусо време да бидат решени. Природно право и на невладините организации и на турската заедница е да очекуваат решение за овие проблеми од надлежните органи.“

Нагласувајќи дека Туркије е подготвена и во иднина да направи сѐ што е потребно по ова прашање како што тоа го правела и досега, преку амбасадата, Министерство за национално образование, Фондацијата Маариф, ТИКА, Институтот „Јунус Емре“, амбасадорот Улусој рече дека активностите на полето на образованието се важна димензија во соработката со Северна Македонија, со која имаат пријателски односи засновани на историски и човечки конекции.

Координаторот на ТИКА Скопје, Мехмет Бајрак, потсети дека Мустафа Кемал Ататурк 19 мај, денот кога бил запален факелот на независноста, го подарил како празник на турската младина.

Скопје: Програма по повод Денот на младите и Денот на сеќавањето на Ататурк AA

Честитајќи им на 35-те ученици кои се избрани како најдобри на генерацијата од директорите на 23 основни училишта и 12 средни училишта во кои се спроведува настава на турски јазик во различни региони и градови на Северна Македонија, Бајрак рече:

„Сите ученици кои се школуваат во Северна Македонија, секој од вас одделно, за нас сте многу значајни. Знаеме дека сите имате различни способности. Во текот на живот, ве очекуваат различни предизвици на патот што е пред вас, на кој ќе ја покажете вашата креативност, талент и успешност. Несомнено е дека сите вие ​​ќе придонесете Република Северна Македонија да се развива во единство и солидарност, и ќе дадете голем придонес за благосостојбата на турската заедница, која е најважниот симбол на мирот и соживотот во Северна Македонија.“

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, го изрази своето задоволство што се собрале во Скопје, стариот град на културата, за да ги наградат достигнувањата на младите луѓе.

Наведувајќи дека турското присуство во Северна Македонија е неразделен дел на татковината Туркије со нејзината 1000-годишна историја и на турскиот свет, Ибрахим рече:

„Ние, Турците што живееме на овие простори, со нашето културното наследство и со јазикот го чуваме нашиот турски идентитет. Како Турци од Северна Македонија, ги сочувавме нашите блиски врски со наследството на Османлиската империја и му даваме значајно културно богатство на овие простори.“

Ибрахим додаде дека како МАТУСИТЕБ ќе продолжат да ги поддржуваат младите.

Во рамките на програмата во која свој настап изведоа фолклорни групи од училиштата во Северна Македонија во кои наставата се спроведува на турски јазик, беше организирана и церемонијата на доделување на наградите „Првенци на генерацијата 2024“ на учениците кои се истакнале со својот успех.

AA
Популарни